Новинарот Бранко Героски смета дека власта тоне во апатија и безидејност во време кога ни се случува епидемија на новиот коронавирус.

Фучи епидемијата – на 549 тестови, 40 позитивни на ковид-19. Сурова е вистината – состојбата ни е многу лоша. Посебно во Скопје. Да има повеќе тестирања, ќе се покаже дека имаме уште повеќе заразени. Стадово македонско лута, нема кој да го води. Власта тоне во апатија и безидејност, вели Героски.

Според него тотално е погрешна стратегијата која ја води власта.

Оваа стратегија – стисни бесцелно па попушти заради популизам, фали се и манипулирај, мисли на рејтинзи и на избори – не дава резултати. Во септември нема да има втор бран на епидемијата. Ова сега е вториот бран, на есен евентуално може да има трет бран. Катастрофа!, вели Героски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.