Поранешниот градоначалник на Ѓорче Петров, Александар Наумоски, ја почна, но не ја заврши дисциплинската постапка против лицето Горан Трипуновски, вработено во општината. Очекувам новиот градоначалник Александар Стојкоски да ја заврши постапката – побара јавно денеска уредникот Бранко Героски.

Тој посочи дека добил заканувачки пораки од меил од извесен Горан.

Дотолку повеќе што денеска од и-мејл адресата goranskopje123@yahoo.com добив пораки со заканувачка и навредувачка содржина. Не тврдам дека станува збор за истото лице, се разбира. Можеби некој во МВР СВР Скопје ќе се заинтересира да истражи чија е оваа и-мејл адреса. А можеби и не, бидејќи немам намера да одам да пријавам во полициска станица. Губење време.

Како и да е, очекувам постапката против Горан Трипуновски да биде завршена во најкус можем рок и за тоа да бидам известен.

Против Трипуновски е поведена дисциплинска постапка уште во август годинава. Но оттогаш до денес нема никаков исход од постапката. Причина за дисциплинската е вулгарен пост со навредлива содржина, со која, како што стои, е нарушен угледот на целата институција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.