Видов, слушнав и – се вџашив!, коментира новинарот Бранко Героски за излагањето на директорот на МЕПСО, Љупчо Зиков во „Само вистина“, каде тој, меѓудругото, толкува дека Цвета не била грабната, туку дека сама заминала кај Осман бег,  дека Македонија не била поканета на заседанието во Јајце и дека Крушевската република траела 12 дена, зошто Османлиите тоа време биле на летен одмор.

Силите на самонаречениот „прогрес“ во Македонија ги губат и допрва ќе ги губат и изборите и симпатиите на овој народ, сè додека на разберат дека нивните божем „проевропски“ интерпретации на македонската историја, но и на македонската уметност, па и на македонските митовивсушност, се изблици на класичен антимакедонизам, вели Героски во својата колумна.

Ванчо Михајлов, Цола Драгојчева, Тодор Живков и другите големи антимакедонисти можат вода да им носат на нашиве, модерниве, „прогресивниве“!

Да бидам искрен, разочаран сум од сознанието дека со ваква валкана мисија се нафатиле луѓе кои ги познавам и за кои никогаш не можев ни да помислам дека еден ден ќе се придружат кон обидот за фалсификување на македонската историја, за оспорување на етногенезата и на самобитноста на македонската нација. Не сум ни сонувал дека во тоа злодело толку ќе се вложат, дури и емотивно, без грам совест и свест дека е огромна лагата дека Европа од нас бара да се обезличиме до непрепознативост за да станеме Европејци.

Се ужаснувам од ова родосквернавење!

Парадигмата за историјата на Македонија во 19 и 20 век не е бордел во кој нашите Цвети, нашите баби, прабаби и чукунбаби, се проституирале за да ја обезбедат европската иднина на Македонија на чело со Заевци.

Така да си знаете, стоки едни „прогресивни“!, порачува тој. 

Целата колумна на „Плусинфо



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.