Чомбе и Чомбевци му прават многу лоша услуга на кандидатот Петре Шилегов – јавноста стекнува впечаток дека актуелниот градоначалник мора да се служи со најдолни методи за да ја победи жената што го предизвикува, пишува новинарот Бранко Героски, коментирајќи ги реакциите кои директорот на Скопската зоолошка градина ги имаше на социјалните мрежи за независната кандидатка Данела Арсовска, која ја доби поддршката од ВМРО-ДПМНЕ.
Ѓорги Галетановски, викан Чомбе, не е лик што може да се пофали дека е некаков кадровски потенцијал на СДСМ. На скалата на активисти на СДСМ, тој долго време беше при дното, согласно со неговите интелектуални капацитети и способности.
Но, денес Чомбе не е било кој. Тој е човек од доверба на Петре Шилегов, негов „бодигард“ на социјалните мрежи, а и директор е на Зоолошката градина во Скопје. Значи, носител е на јавна функција, живее од народни пари.
Најмалку јавната функција е таа што и законски, но и според Кодексот на административни службеници, го обврзува на пристојно и достоинствено однесување насекаде и во секоја прилика, вклучително и на социјалните мрежи.
Нека е и Чомбе она што е, сепак не смее да му се дозволи ваков коментар за кандидатката за градоначалник Данела Арсовска.
За ваква објава на Фејсбук, според Законот и според Кодексот, следува сериозна казна, пишува Героски на „Плусинфо“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.