Зоран Заев си го одржа зборот. Поднесе оставка и од функцијата премиер и од функцијата претседател на СДСМ.
Падна Владата.
СДСМ е во распад, пишува во колумната новинарот Бранко Героски, објавена во „Плусинфо“.
Но, беше тоа единствениот начин Заев колку-толку достоинствено да го преживее поразот на локалните избори. Мораше да ја преземе одговорноста за дебаклот. За да не биде избркан на клоци и од Илинденска и од Бихаќка …
Откако ги киднапираше својата партија и Владата, тој ја киднапираше и кампањата, а локалните избори ги претвори во референдум, на кој граѓаните гласаа за или против Зоран Заев.
Каква глупост!
Непредизвикан од ништо и од никого, единствено можеби од својата нарцисоидност, Заев реши да се коцка со својата политичка кариера, но и со Владата и со СДСМ.
Ол ин! Извика тој гласно на сцената.
И изгуби сè. Народот му прати јасна порака – Зоки, време е да си одиш!
Или, како што беше напишано на онаа табла во Муртино – Зоки, ела си дома, не се бруки!
Првата порака од народот, онаа на 17 октомври, кога СДСМ всушност ги изгуби изборите, Заев не ја разбра. Излажа дека ја разбрал.
Гејм чејнџ! Мало сутра!
И затоа сега, после стравотниот дебакл, тој мораше да отстапи. Додека има каква-таква отстапница …
Во последниве недели и месеци, во повеќе колумни и јавни настапи, пишував и говорев за политичките гревови на Зоран Заев. Искрено, денеска немам волја да се повторувам.
Им го отстапувам просторот на неговите довчерашни апологети – ама буквално довчерашни, хаха! – кои од денеска панично фаќаат некаков нов „агол“, некое спасоносно ќоше во кое ќе ја скријат својата координирана и неодржлива одбрана на агресијата и на злобата со која самонаречениот „прогрес“ требаше на овие избори да се обедини и да го уништи „злото“.
Каков идиотски наратив, какво промашување!
О, како само овие амеби сега ја фалат оставката на Заев!
Ако не за друго, само поради тие изливи на лигавица од нивните клоаки, вредеше Зоки вака да се заебе!
О, како само тие дунстери го мразат народот!
Б. Тричковски, на пример, пишува: „Ова не беа политички избори, туку самоубиство со предумисла. Некои луѓе се шокирани и поразени. Сакам да ги утешам: Денеска е изведено ослободувањето од Македонија … Јас тоа така го доживувам. Немам повеќе обврска. Да ја ебам или на друг начин да се занимавам со неа. Ниту под разно.“
Како ли ќе преживее Македонија без да ја ебе ебачот Тричко?! Или ќе ја ебе само во општина Центар, каде што ендорсментот му обезбеди засолниште. Хаха! Или не?
Целата колумна тука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.