Граѓаните не веруваат во пописот, и ако е политичка операција, ако има пазар, зошто да ги пуштам луѓето да ми влезат дома
„Гледам дека постои сила волја кај власта да се спроведе по секоја цена попис, дури и по онаа цена по која јас мислам дека не треба да се спроведува попис, а тоа е отсуството прво доверба на луѓето во институциите доволна дека пописот ќе биде не политичка, туку статистичка операција. Ако пописот е политичка операција, ако има пазар, зошто да ги пуштам луѓето да ми влезат дома, и да го ризикувам моето здравје. Тоа е проблем, а недовербата е голема“,рече Бранко Героски во гостувањето во емисијата „Само интервју“.
Героски додаде дека Хрватска денес го одложи пописот, најрано до септември. „Ако сакаме да имаме попис, треба малку да се потрудиме да целиот процес малку биде прокредибилен, да има консензуална поддршка“, појасни Героски.
Героски посочи дека власта го користи пописот за да ја напаѓа опозицијата. А, власта требаше да прифати и некои барања на опозицијата.
„Имаше отсуство на волја првенствено кај власта, јас зошто постојано ја обвинувам власта, за тоа што секогаш по мене, по мојата логика тој што е посилен тој е повиновен. Кај него е можноста да направи гест. Немаше гестови, немаше консензус политички“, нагласи Героски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.