Обвинителот Бесил Алиу, за Дојче веле изјави дека истрагата за пожарот во Тетово е далеку од завршена.

Тој е дел од тимот на петмина обвинители коишто ја водат истрагата за пожарот во ковид-болницата. Веќе една недела тимот е преселен во Скопје, каде сослушува членови на комисии коишто биле надлежни за поставувањето на модуларните болници. Обвинителите го чекаат и вештачењето на германските експерти коишто се вклучија во истрагата. Тие треба да кажат дали материјалите од коишто биле изградени модуларните болници се во согласност со она што биле препорачано од Светската банка. Како може цел објект да изгори за само неколку минути е главното прашање околу коешто се фокусирала истрагата на германските форензирачи коишто по несреќата ја посетија Македонија.

Целиот текст овде.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.