Tокму сега во период на неизвесност, Македонија мора да му даде на народот знак на единство и лидерство. Сите партии мора да дејствуваат во заедништво за да најдат нов датум за избори. Сепак, безбедноста на граѓаните доаѓа на прво место, порачува германската европратеничка Марион Валсман.

Здравјето на гласачите и организаторите не смее да се стави во опасност, ниту да се загрози демократијата со тоа што нема да се најде консензус за нов датум на избори. Ги повикуваме сите партии да обезбедат учество на целосен тим на ОБСЕ за набудување на изборите од почетокот на кампањата, германската европратеничка, членка на Комитетот за соработка со Македонија, Мaрион Вaлсман напиша на „Твитер“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.