Франција ја доби помошта од Германија за третман на пациенти во своите клиники и оваа понуда Германија ја дава на сите земји членки на НАТО. Таква понуда доби и нашата земја рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска по денешниот состанок на министрите за одбрана на НАТО, што се одржа преку видеоврска.

Македонија побара помош за справување со коронавирусот, а Германија понуди опција македонски пациенти со ковид-19 да се лекуваат во нивни болници, рече Шекеринска.

Таа исто така соопшти дека на состанокот бил донесен оперативниот план на алијансата за координирана акција во справување со пандемијата на коронавирусот.

НАТО создава заеднички фонд кој ќе ги покрие итните потреби на земјите членки и фонд што ќе се користи за набавка и обезбедување медицинска опрема, но и транспорт на опремата, на пациентите и на здравствените работници. Се договоривме во рамките на алијансата да се создаде резерва од медицинска опрема. Секогаш 30 сојузници се помоќни од една земја членка и затоа можеме да излеземе како победници и како сојуз и од оваа глобална криза, рече Шекеринска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.