Уште 17 кандидати за градоначалници на СДСМ беа претставени на денешната прес-конференција. Генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски, ги објави кандидатите за градоначалници утврдени на синоќешната седница на Извршниот одбор, од кои дел се градоначалници кои по вторпат ќе бараат мандат од граѓаните, а повеќето се нови имиња:

Куманово – Оливер Илиевски, дипломиран економист и директор на водостопанство Куманово.

СДСМ има еден кандидат кој е најдобрата понуда во градот. Досегашниот градоначалник самиот отиде против себе и се исклучи од партијата, рече Љупчо Николовски.

Општина Центар – Горан Герасимовски, магистер менаџер на човечки ресурси, директор на Државен завод за индустриска сопственост

Ѓорче Петров – Александар Наумовски, сегашен градоначалник

Битола – Христо Кондовски, стопанственик и менаџер

Македонска Каменица – Соња Стаменкова, сегашна градоначалничка

Шуто Оризари – Асам Ферат, приватен стопанственик и претседател на општинската СДСМ

Кривогаштани – Николче Мисовски, агроном и стопанственик

Струга – Димче Шипинкаровски, економист и стопанственик, раководител на подрачната единица за Фондот за здравство.

Гевгелија – Сашко Поцков, сегашен градоначалник

Дебарца – Игор Крцковски, дипломиран правник, директор на ЈП Комунални дејности

Чучер Сандево – Сашко Комненовиќ, дипломиран криминалист

Македонски брод – Живко Силјановски, сегашен градоначалник

Долнени – Аднан Џаферовски, поранешен директор на Агенција за заштита и спасување

Врапчиште – Џазми Мамути, сопственик на приватна фирма.

Радовиш – Коле Черапчиев, актуелен пратеник

Крива Паланка – Сашко Митовски, стопанственик и економист

Струмица – Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и некогашен в.д. градоначалник на Струмица

За Кочани дополнително ќе биде објавен кандидатов за градоначалник.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.