Чудна работа, плукачи колку сакаш, пишува на „Фејсбук“ поранешниот премиер и aктуелен лидер на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски, откако предизвика бурни политички реакции со неговиот предлог-акциски план кој пред два дена го предложи за надминување на спорот со Бугарија.

А досега ниту еден патриотски новинар или тандем на новинари не ме покани да ме распарчи во јавна дебата. А, со задоволство би прифатил и доктор на науки по историја. Па, еве ви кукавици, отворена понуда за дуел, напиша Георгиевски.

Георгиевски во саботата понуди план за излез од спорот со Бугарија, а според тој план составен од пет точки, потребно е да ѝ се дадат гаранции на Бугарија дека земјава нема апсирации кон Источна Македонија. Тој предлага промена на стратегијата за историјата и конечно, како што вели, решавање на проблемот со јазикот. Неговиот предлог-акциски план предизвика серија политички реакции.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.