„Гоце Делчев, Даме Груев, Пере Тошев, Ѓорче, Никола Карев биле учители на бугарската егзархија. Факт е дека ние тоа го криеме во македонската историја. Во македонската историја се вели дека се учители, а не дека се учители на бугарската егзархија“, рече Љубчо Георгиевски во емисијата „24 Анализа“.

Георгиевски додаде дека Кузман Шапкарев е основач и прв директор на бугарската машка гимназија во Солун.

„Ние имаме фактографски податоци за многу важни личности кои едноставно ги криеме, не ги кажуваме“, истакна Георгиевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.