Забрзано се зголемува бројот на заразени од ковид 19 во Охрид. Градоначалникот Костантин Георгиевски е загрижен за ситуацијата, а како расадник на нови заболени ги посочува рестораните.
Мерките беа олабавени во изминатите два месеци. Угостителските објекти работеа и тоа доведе до зголемување на бројот на заболени. Најчесто се заразени лица од 20 до 40-годишна возраст, што ме загрижува. Јас мислам дека додека се полнат рестораните, ќе се полнат и болниците во Охрид, истакна Георгиевски.
Од почетокот на пандемијата, во Охрид се заболени вкупно 3621 случаи, додека пак активни се 455 лица кои биле во контакт со вирусот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.