Нема погодно време за отстранување на бесправни објекти. Градот мора да се ресетира и да се почитуваат законите, а моја работа е да ги спроведам на дело. Ова во емисијата „Вин Вин“ на телевизија Телма го изјави градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.
Тој најави дека и во следниот период општината ќе продолжи со отстранување на објектите покрај крајбрежјето согласно препораките на УНЕСКО, без оглед што за пет месеци доаѓаат локални избори.
Претходно Георгиески упати последен апел стопанствениците кои немаат активна концесија да ги затворат објектите на крајбрежјето, посочувајќи дека платформите коишто се во вода мора да се отстранат, а објектите кои имаат нерегулиран статус не смеат да работат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.