Историјата треба да остане посебен предмет, а албанскиот јазик да не се изучува задолжително, истакна лидерот на Достоинство Стојанче Ангелов, кој е директор на Центарот за управување со кризи.

Тоа барање не верувам дека ќе биде усвоено, јас сум против задолжително учење на албански јазик. Македонскиот јазик мора да го познава секој граѓанин на Северна Макеоднија на ниво да може да говори течно македонски – рече Ангелов на Канал 5.

Според него, предлогот на албанската опозиција за добивање државјанство со тројца сведоци е апсурд.

Јас сум овде категоричен, треба да бидеме многу претпазливи со давање државјанство. Има закон со кој е пропишано како се стекнува државјанство. Ние веќе имаме едно негативно исксутво, во времето на Киро Глигоров – рече Ангелов.

Тој смета дека за пописот треба сериозно да се земат и забелешките од опозицијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.