Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ денес во посета на Битола. Пред битолчани ја претстави програмата на претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова.

– И она што можеме да го видиме од средбите со граѓаните, а се чувствува и овде во Битола дека граѓаните ја прават огромната разлика меѓу двајцата кандидати бидејќи од една страна имаме човек кој во своето политичко портфолио буквално нема ништо сработено, нема што ново да понуди, тој е второто лице на паричката каде се наоѓа Зоран Заев. Од друга страна ја имаме професорката Силјановска која е еден исклучителен експерт и познавач во областа која е актуелна, но истовремено и чесен човек кој ќе донесе правда во Македонија, рече Јанушев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.