Денеска во поголемиот број од училиштата во земјава, односно каде што има членови на синдикатот на СОНК, учениците немаа настава бидејќи на сила стапи предупредувачкиот штрајк кој го најавија од синдикатот. Како што информираше претседателот на СОНК, Јаким Неделков, голем број просветни работници кои не се дел од синдикатот по основ на солидарност му се приклучиле на штрајкот, но имало и такви кои прифаќале ученици, но тое не се нивни членови.

За волја на вистината, притисоците кои ги имавме изминативе недели од страна на директори и заменици директори и од општините за да се прифатат деца, денеска ги немавме, изјави Неделков.

Од синдикатот истакнуваат дека од утре ќе ги започнат преговорите со МОН во кои ќе се бара покачување на платите не само на наставниците, туку на целиот технички кадар кој работи во училиштата.

Постојат повеќе опции, од масовни протести, генерален штајк, од блокади на патишта, патарини, централното градско подрачје. Тоа се мерки кои нашиот синдикат може да ги искористи. Можни се сите опции вклучително и генерален штрајк, потенцира Неделков.

Oд СОНК додаваат дека во регионот Македонија и Албанија се на дното на скалилото по висината на платите во образованието.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.