Од политичката партија ГДУ порачуваат дека во услови на корона криза кога болниците веќе се преполни, медицинскиот персонал истоштен, да бараш предвремени локални избори во Штип е апсолутна лудост, глупост и неодговорност.
ВМРО-ДПМНЕ и ЛЕВИЦА се за одлагање на изборите, кое реално им дава уште неколку месеци власт на СДСМ во Штип. Тоа е апсолутно наместена утакмица, во која ние како ГДУ немаме намера да учествуваме.
Каква е логиката тие кои така или инаку ќе се на власт, со в.д.градоначалник, како што е со СДСМ во Штип, да сакаат да одиме на избори?
Ќе потрошиме неколку милиони за кампања, маици, пенкала, глупости изнапишани во предизборни програми, пари кои се од даноците на штипјани и другите граѓани на Македонија, наместо да ги насочиме кон здравството.
Ќе создадеме опасност за здравјето и ќе имаме избори со најниска излезност, кои автоматски ќе го компромитираат изборниот процес.
ГДУ како политичка партија која учествуваше на последните парламентарни избори, нема да учествува со свој кандидат на овие избори и ќе поведеме кампања во која ќе им објасниме на граѓаните дека е апсолутна глупост во корона криза, додека политичарите лапаат тендери по Штип, вработуваат партиски војници и лажат кај ќе стигнат, ние да си го ставаме здравјето во ризик одејќи од врата на врата и излегувајќи на избори.
Ајде барем еднаш да бидеме над личните и тесните политички интереси и да надвладее разумот!
И за моја огромна жал нека ни е „честита“ првата блокада од Бугарија, како што би рекле нашите сограѓани албанци-„ЈА ГА ЧУДИМ“ – објави лидерот на партијата, Петар Колев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.