Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, изјави дека на денешната лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски не е постигнат договор за датумот за избори поради различните позиции на двете најголеми партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.
Ставовите на двете македонски партии се различни, едните се за јуни, а другите за почетокот на септември и не можат да ја надминат оваа барикада. Ако ја надминеа, тоа ќе беше датумот што и ние го предложивме, а тоа е крајот на јуни, изјави Гаши.
Тој изрази надеж дека во наредните денови ќе има средби за да се определи датумот со консензус и притоа да се има предвид дека на државата ѝ се потребни институции, но исто така да не биде доведено во прашање здравјето на граѓаните на денот на изборите.
На прашањето дали е можно да се дојде до датум без консензус, Гаши рече дека на средбата денеска било споменато дека според уредбата, кога ќе биде укината вонредната состојба, почнуваат да течат роковите за избори, но Гаши рече дека тие како партија не се за такво решение без консензус.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.