Наши пратеници нема да преминат во владиното мнозинство, ниту пак имало преговори со СДСМ, рече вечерва ексклузивно во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21, лидерот на Алтернатива Африм Гаши.
Има доста шпекулации последниот период дека имало преговори со Заев за Алтернатива да биде дел од Владата. Еве кажувам ексклузивно дека немало никакви преговори и разговори со СДСМ. Нема ниту вистина во тоа што го најавува Билал Касами од Беса дека двајца наши пратеници ќе се приклучат кон мнозинството. Ве уверувам дека ние сме супер сложни и така ќе останеме. Засега нема разговори за зголемување на владиното мнозинство“, изјави вечерва Африм Гаши – лидер на Алтернатива во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21.
Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши кој е во коалиција со Алијанса за Албанците на Зијадин Села дебатира вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 заедно со политичките аналитичари Сафер Селими и Бесим Хода на актуелни теми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.