Прес-конференција на претседателот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села и претседателот на Алтернатива, Африм Гаши денеска пред Собранието во 13 часот. Тие сметаат дека новата влада е измамничка и нелегитимна и оти ќе се соочат со народот.
Како прво е измамничка, затоа што и двете страни сериозно ги измамиле граѓаните и второ, е нелегитимна, затоа што партнер на оваа влада станува партија која насилно и манипулативно ја ограби политичката волја на Албанците. Прво, ДУИ измами што денес го прекрши единственото предизборно ветување за албанскиот премиер и второ, го измами СДСМ, која пред изборите рече дека „во никој случај нема да се формира коалиција со ДУИ“. Затоа, за нашата коалиција, оваа влада не заслужува никаков политички респект и, како таква, ќе се соочи со 12 пратеници и народ кој нема да дозволи измама и узурпација на политичката волја, се вели во реакцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.