Синдикатот треба да се бори за правата на работниците, за спроведување на обврските и реформите на институциите, а не за бламирање, молчење и партизација. На протести за „Монструм“ пративте полицајци со обични капчиња, па сироти со дупнати глави се вратија од работа.

Гас-маски нема набавено од 1986,  панцирите се произведени во 1991, иако плочите во нив и шлемовоте имаат рок на траење од 5 години, пишува на Фејсбук Игор Здравковски, пратеник на ВМРО ДПМНЕ во Собранието на Македонија.

МПС (македонски полициски синдикат) наместо да се грижи за опремата на полицијата и безбедноста на припадниците на МВР, наместо да бара покачување на платите, да ги заштити полицајците од прераспределба на места во други СВР, наместо да го трошат буџетот за одвоен живот а нема никаква зголемена ефикасност; тие делат ѓезвиња за 4 кафиња во Единицата за службени кучиња, фрижидери во Кавадарци, микробранови печки во Старавина итн.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.