Поранешната министерка за култура Ганка Цветанова на својот Твитер профил запраша дали постои разлика во концептот на Голема Албанија, Голема Србија и новиот грчки слоган „Macedonia the GReat“, кој беше промовиран од грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во Солун.

Што е разликата помеѓу концептот на Голема Албанија, Голема Србија и грчкиот слоган „Macedonia the GReat“? Нема разлика. Сите три концепти почиваат на иредентистичка идеологија, напиша Ганка Цветанова на Твитер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.