Ганка Цветанова, поранешната министерка за култура и даде поддршка на Гордана Силјановска Давкова, застанувајќи на нејзина страна откако на социјалните мрежи се пишуваше за синот на кандидатката за претседател на Македонија.

Кога самоумислената „елита” се потсмева и ги омаловажува оние кои решиле да бидат свои, а да не го живееат животот според квазиелитистичките стандарди, тоа не е ни срамно ни долно. Тоа е веќе жално. Респект за сите кои се во допир со музиката и природата, напиша Цветанова на „твитер“.

Силјановска Давкова се огласи вчера на социјалните мрежи и побара нејзиниот син да не го злоупотребуваат во политичката кампања, откако на социјалните мрежи се појави фотографија како во парк свири на кавал и собира добротворен прилог.

Зарем некој како мене кој бара укинување на привилегиите на политичарите, расипништвото и корупцијата ќе има семејство кое ужива во скапи коли, мотори, луксуз?! Горда на Павле! Брилијантен правник, умен, скромен, независен, воспитан, човечен“, напиша вчера Силјановска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.