Сите јасно се согласуваме дека членстото во ЕУ е примарна цел и за Северна Макеоднија и за целиот регион. И покрај пречките што се појавувата на тој пат, не треба да се откажувате, порача британската амбасадорка Рејчел Галовеј во обраќањето на панел на Првиот Скопски економски форум.
Во изминатите три години Македонија многу напредна и тоа треба да продолжи. Земјата ги исполни барањата во врска со стабилноста, реформите, договорот со Грција,… а членството во НАТО е огромен придонес за мирот и стабилноста во регионот, рече Галовеј.
Според неа, најголем проблем е корупцијата, тоа и попречува на демократија и е пречка за развојот на економијата. Многу важна е, вели, регионалната соработка.
Клучна е и регионалната соработка. Соработката со Грција напредува и има уште голем потенцијал. Потребна е регионална соработка. Луѓето се најзагрижени поради невработеноста. Реформите треба да одат паралено со интеграцијата во ЕУ – владеење на правото и развој на економијата. Но, не сите во земјата и во светот сакаат тие реформи да успеат, зашто се водат од своите интереси и ги злоупотебуваат билатереланите несогласувања. Шоковите како пандемијата се предивик. Македонија има амбициозни цели и ако трпеливо и посветено ги решите предизвиците земјата ќе може да биде пример за регионот, рече Галовеј.
Амбасадорот на Италија Андреа Силвести истакна дека Рим ја поддржува европерспективата на сите држава од Западен Балкан. Македонија, рече италијанскиот амбасадор, направи многу и Советот на ЕУ во март 2020 реши дека треба да ги почне преговорите за членство. Сепак, вели, останува уште многу и да се постигне бидејќи европската интеграција е процес.
Од тие причини сите чекори треба да се преземат внатрешно во однос на реформите, законодатвстото да се усогласи со акито на ЕУ, значи агендата со реформите треба да продолжи и ова може да се направи на регионално ниво. Ова е пристапот кој што Италија силно го подржува, нагласи амбасадорот Силвестри.
Италија е меѓу главните економски инвеститори во регионот, кој рече е од стратешка важност за Рим и затоа поддржуваат иницијтиви како ЦЕИ, Јадранско-јонската, а ја нагласи и важноста на инфраструктурното поврзување.
Многу е важно да заврши и Коридоот 8 кој се вксрстува со Коридорот 10. Тоа е можност за вашата држава и вие треба да делувате како регионален центар не само како една држава каде се вкрстуваат патиштата, туку навистина да станете една држава цетар. Мора напорно да работите дополнително за да привлечете нинвестиции, рече Силвестри.
Поголемата регионална соработка, додаде, ќе овозможи поефективно да се решат некои другу заеднички предизвици како борбата против трговијата со луѓе, клиамтските промени, тероризмот…Инфраструктурата и регионалната соработка се предуслов за економскиот прогрес, но само тие не се доволни, потребно е да се вклучат и граѓаните и укажа дека на конференцијата за иднината на Европа треба да учествуваат и земјите од регионот, особено младите, порача Силвестри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.