Директорот на скопската зоолошка, Ѓорѓи Галетановски, преку Фејсбук статус одговори на реакциите на јавноста за неговиот коментар утрово за независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска.

Тој вели дека никаде и никогаш не изразил мизогени и сексистички навреди кон ниедна жена.

Никаде и никогаш не сум изразил мизогени и сексистички навреди кон ниедна жена. Ако независната кандидатка некаде се пронашла навредена бидејќи сум прашал дали е независна и сум искоментирал дека потценува интелигенција, јавно ѝ се извинувам, бидејќи не сум знаел дека тоа спаѓа во мизогенија и сексизам, напиша Галетановски на Фејсбук.

По неговиот коментар на Фејсбук остро реагираше и политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, која најави дека за случајот ќе ја информира меѓународната заедница



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.