Ветото што ни го стави Бугарија за старт на преговорите со ЕУ, е, како што се ели народски, дежаву, веќе видено, исто како приказната со Грција, рече поранешниот новинар и надворешно политички комнтатор, Љубомир Гајдов во вчерашната „Само вистина“ и додаде дека според него, ова е неуспех на македонската дипломатија.
Сите се за, освен една зеемја. Тоа значи две работи. Или Европа многу лажеше, или нашиве добро не одработија. Бидејќи, исто како што Грците во 2007 година се заканија дека ќе ни стават вето во Букурешт, иако и тогашниот претседател Буш рече дека се радува што „утре три земји ќе станат членки на НАТО“, но не се случи тоа. Сега е во Бугарија општа лудница, ќе има избори, има кампањи, таму се случува еден хаос, под раководство на привремениот премиер, тие засега мислат дека можат да се поигруваат со Македонија, со Европа, ама и со Америка. Мислам дека ова е неуспех на македонската дипломатија, рече Гајдов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.