Денес се одржа конференција “Родово сензитивни локални самоуправи“ која се одржа во рамки на Годишната конференција за децентрализација и локално управување, на која зборуваше и претседателката на Советот на Општина Битола, Габриела Илиевска од “Поинаку“. Илиевска рече дека во време на социјални медиуми, кога некој може за 10 минути да уништи една жена, промената мора да започне најпрво од самите жени.

Молчењето на другите жени при напад на жена е поголема казна отколку нападите. Во време на социјални медиуми кога некој може за 10 минути да уништи една жена, промената мора да започне најпрво од секоја од нас. Како претседателка на Комисијата за еднакви можности и претседателка на Советот на општина Битола, со задоволство можам да објавам дека во новиот буџет ставката за родова еднаквост од 500.000 е зголемена на 2 милиони и 50 илјади денари. Можеби најголемата новина е тоа дека планираме да ги задолжиме сите јавни претпријатија да назначат лице за родова еднаквост, додаде Илиевска.

Инаку, на конститутивната седница на Генералното собрание на Заедницата на единиците на локалната самоуправа, Илиевска беше избрана за член на Надзорниот одбор и член на Комитетот на советите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.