Јавноста е бесна за состојбата во која се наоѓа здравствениот систем, во кој иако си плаќал целиот живот, во овие најтешки моменти нема кој да ти помогне.

Во целос ви пренесуваме еден од многубројните статуси со кои се прикажува реланата слика во моментот:

Целиот твој работен век плаќаш за државното здравствено осигурување. Секој месец.
И на крајот, кога ќе дојди ситуација да имаш потреба да одиш на лекар- ќе ти речат „НЕМА ТЕРМИН“, „НЕМА ТЕСТ“, „НЕМА СЛОБОДЕН КРЕВЕТ“, „НЕМА РЕАГЕНСИ“, „НЕМАМЕ ИНФУЗИЈА“, „НЕМА СПЕЦИЈАЛИСТ“, „НЕМА КАДАР“, „НЕ ПРИМАМЕ ПОВЕЌЕ ПАЦИЕНТИ“.

Ама затоа ИМА ПРИВАТНО ЗДРАВСТВО. И ПРИЈАТЕЛИ.

Таму секогаш ИМА ТЕРМИН, ИМА ТЕСТ, ИМА СЛОБОДЕН КРЕВЕТ, ИМА РЕАГЕНСИ, ИНФУЗИИ, СПЕЦИЈАЛИСТИ, ПА И КАДАР КОЈ ЌЕ ТИ ЈА СМЕНИ ИГЛАТА.

И, најважно, СЕКОГАШ ПРИМААТ ПАЦИЕНТИ!

Таму ќе одиш за да СЕ ПОРОДИШ, ДА НАПРАВИШ ОПЕРАЦИЈА, ИЛИ ДА ДОБИЕШ ДИЈАГНОЗА.

Ех ама ДРЖАВНИОТ ФОНД ЗА ЗДРАВСТВО, каде што плаќаш месечно, не соработува со ПРИВАТНИТЕ КЛИНИКИ.

И оти во приватното се екстремно високи цените за стандардот на обичниот граѓанин, ќе БАРАШ ДОНАЦИИ, ЌЕ АПЛИЦИРАШ ЗА КРЕДИТ, ЌЕ СЕ ПОЗАЈМУВАШ, ЌЕ ПРОДАДЕШ СЕ’ ШТО ИМАШ, за да можиш да си го дозволиш тоа за коешто си плаќал во текот на целиот твој работен век.

Дали „Мој Термин“ е навистина ТВОЈ термин?
Кога ќе дојди терминот на тие што денес немаат како да се тестираат?

За жал, Државниот фонд за здравство во Македонија ги остави на цедило илјадници луѓе- нивни клиенти, од чиишто пари и средства постои.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.