Дел од лицата што користат боледување и родителите што се на породилно отсуство на своите сметки сè уште ги немаат исплатите за месец ноември. Кога пред десетина дена пишувавме дека голем број на граѓани се оставени со празни џебови за време на празниците, Фондот за здравствено осигурување одговори дека исплатите на надоместоците течат редовно, односно исплати се вршат 3 пати неделно.
Поголемиот дел од исплатите за ноември се завршени, а доколку кај определни осигуреници не е реализирана исплата, истите треба да проверат кај својот работодавач, дали се поднесени нивните документи навремено и истите се коректни, реагираа од ФЗОМ.
Но, десет дена подоцна, дел од таа група на неисплатени корисници е сè уште без пари, иако за другиот дел средствата легнале.
Работодавец ми е државата, државно работам, па нека се проверат сами себе, а не да демантираат тука, реагира корисничка преку социјалните мрежи.
Дел од корисниците велат дека телефонски добиле одговор дека неделава пари нема да има и дека може да ги очекуваат после 20 јануари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.