Новинарот Фуркан Салиу остро реагираше на својот фејсбук профил поради тужбата и барање за извинување и повлекување на објавата од страна на Џабир Дерала. Салиу изјави дека нема да ја повлече објавата ниту да се извини за, како што вели тој, напишаната вистина и дека стои зад секој збро од напишаното.
„Во паника се! Се може да спречат освен времето и вистината! Времето немилосрдно им тече, а вистина е болна за нив.
ЏанБир мисли дека со вакви смешни предупредувања за тужби ќе ме замолчи. ЏанБир мисли дека само затоа што има некој денар повеќе на сметка и миже да си дозволи скапи адвокати може да ме замолчи. Смешни сте! Не само што нема да се извинам и нема да го повлечам статусот, туку ќе го повторам пред судија и пред Џабир! Моето мислење за него и штетата што ја направи врз невладиниот сектор и новинарството нема тужба или судија што може да го смени.
Стојам зад секоја буква што сум ја напишал! Стојам зад секој збор што сум го кажал!
Се гледаме на суд!“, реагира Салиу.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.