Шефот на РИШ на СДСМ, Фаница Николоска која е Директорка на Државниот управен инспекторат со надлежност да спроведува инспекциски надзор е презафатена со партиската кампања на СДСМ. Единствената институција која треба да го спречи лудилото и злоупотребите на функционерите на СДСМ е расформирана, а директорката е унапредена во шеф на републички изборен штаб на СДСМ.
Државниот управен инспекторат, кој е должен еднаш годишно да изврши редовен инспекциски надзор во сите институции на јавниот сектор а во врска со вработувањата во јавниот сектор и оценувањето на административните службеници, е занемарена обврска и не се постапува, за да може Директорката на Државниот управен инспекторат во улога на шеф на републички изборен штаб на СДСМ да врши надзор над ангажманот на вработените во јавниот сектор во партиските задолженија, напиша на Фејсбук дополнителниот заменик министер нво МИОА, Невенка Стаменковска Стојковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.