Скоро сите функционери на ДУИ синоќа на Фејсбук го прославија објавувањето во Службен весник на Законот за јазиците, со кој албанскиот е втор службен јазик на целата територија на Македонија.
Откако претседателот на Собранието Талат Џафери на Фејсбук ознани дека Законот е објавен во Службен весник, честитки пратија лидерот на партијата Али Ахмети, вицепремиерот Бујар Осмнани, пратеникот Артан Груби, министерот за економија Крешник Бектеши. На Фејсбук за законот за јазиците се огласи и молчаливиот вицепремиер кој ретко оди на работа Хазби Лика.
Ветивме, остварувме, напиша Ахмети.
Пратеникот Артан Груби ги наброја столбовите кои ги ветила ДУИ.
Интеграција во НАТО и ЕУ, ветено сторено, јазичната рамноправност, ветено сторено, ситемски реформи, ветено сторено, напиша Груби.
Бујар Османи пак, напиша „Каков почеток на годината горд сум што сум соработник на Ахмети“.
Употребата на албанскиот јазик од нашите домови отсега и во институциите и пошироко. Честитки сонародници законот за јазиците влегува во сила, напиша Хазби Лика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.