Лицето од Кавадарци, кое најверојатно е позитивно на коронавирусот е јавен функционер на локално нивно, односно во Јавното претпријатие „Македонски шуми“, дознава „Фокус“.

Според нивните информации, тој подолго време покажувал симптоми на заразниот вирус, па бил лекуван во домашни услови.

Неговата сопруга, која е началник на Oдделение во болницата во Кавадарци, исто така се проверува дали ја добила инфекцијата. Неофицијално дознаваме дека и нејзиниот тест е позитивен.

Заразниот вирус кај јавниот функционер бил потврден во приватната болница „Жан Митрев“. Ова се првите случаи на коронавирусот во Кавадарци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.