Победуваме, да нè чекате на плоштад, му порачаа македонските фудбалски репрезентативци кои имаа видео разговор со претседателот Стево Пендаровски.

Пендаровски во името на целиот народ искажа огромна поддршка за националниот фудбалски тим.

Тимот на македонската фудбалска репрезентација од мене, но и од сите граѓани, има целосна поддршка. Вечерва, од 18 часот ќе ги бодриме и ќе навиваме нашите фудбалери да ја победат репрезентацијата на Грузија и да се пласираме на Европското фудбалско првенство догодина. Во краток разговор со капитенот Пандев, селекторот Ангеловски и останатите репрезентативци им посакав среќа и да се вратат во Скопје со победа и во добро здравје, истакна Пендаровски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.