Среќа и желба за успех на фудбалерите пред почетокот на историскиот натпревар со Грузија им посакаа многумина, дури и таткото на нацијата Стево Пендаровски. Им се јави и премиерот Заев облечен во националниот дрес. Слаткоречиво им посакаа среќа убедени дека денес ќе се разбудиме во фудбалска Европа.

А тие, го исполнија неговиот, нашиот сон, не не разочараа, не потфрлија, напротив – веруваа во себе и победија. Имаа само една желба – да ги пречекаме на плоштад како победници. Но, што сторија слаткоречивите?

Фудбалерите беа пречекани како шверцери. На граничниот премин Блаце, рано утрово, во 4.30. ги пречека „шверцерот“ Груби, а Заев не заборави да нагласи дека не било време за славење.

(фото: Влада на РМ)

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.