Додека гласачите се во голема мерa слободни да донесуваат политички одлуки, извештаите за заплашување и поткупување гласови и понатаму се вообичаени. Поткупувачките мрежи остануваат влијателни во политичкиот живот и можат да влијаат на политичките исходи.
Трговијата со луѓе останува проблем. Oва се наведува во последниот извештај на „Фридом Хаус“ за Македонија.

Оваа реномирана институција посочува дека законските права на граѓаните остануваат компромитирани од корупцијата и поткуп во правосудниот систем, во кои јавноста има мала доверба.

Се нагласува дека и политичкото мешање во работата на обвинителите останува проблем.

Селективната примена на правдата исто така продолжува, иако владата спроведе некои реформи со цел да се подобри проблемот. Апсењето на специјалната обвинителка во 2019 година ја ослабна општата агенда на владата на СДСМ во борбата против корупцијата.
Неформалната економија е голема, оставајќи голем број работници ранливи на злоупотреба на работодавците. Останува загриженоста околу ефикасноста и независноста на судството.Корупцијата останува сериозен проблем и постои голема неказнивост за корумпираните владини функционери, вклучиувајќи и членови на парламентот и на судството-сто во извештајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.