По триесет години стаж на Правниот факултет во Скопје при УКИМ Фрчкоски го напушта државниот универзитет и заминува на ФОН, објави сосптвеникот на приватниот универзитет Сефер Цаноски.

Студентите на Универзитетот ФОН во новиот семестар со нов професор и нов декан на Правно-политички науки, проф. д-р Љубомир Фрчкоски.
Фрчкоски е професор по меѓународно право, меѓународни односи ,Современи политички теории и др.
Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1981. Во 1986 година магистрирал на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а со титулата доктор на науки се стекнал на Универзитетот „Едвард Кардељ“ во Љубљана во 1989 година.
Повеќе од 3 децении работеше на државниот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Работниот однос со универзитетот ФОН започнува со почетокот на новиот семестар од 1 март.
Нека е среќно и многу успеси!, пишува Цаноски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.