Зборувајќи за гласачкото тело, Љубомир Фрчкоски кажа дека десничарскиот дел е ксенофобичен, исплашен и дека бутка кон изолација.
Демократијата може да биде либерална. На Орбан на пример е демократска, без либералниот префикс. Има демократии кои се авторитарни. Мнозинството доминира и гази. Либералниот дел е важен, и не можете да ја судите таа стварност. Политичките елити имаат голема одговорност да ја водат таа операција. Тие можат потенцијалите на своето гласачко тело да го користат како ветер во вакви ситуации – авторитарни амбиции како Орбан, или Груевски што правеше и можете да се обидете да го раководите кон некоја нормална демократска десница, левица… Но, тоа е одговорност на политичките елити. Тоа не е желба за промена на нардот, народот е тој, тие предрасуди не се менуваат лесно, вели Фрчковски.
Кај нас според историјата, посебно десничарскиот дел на гласачкото тело е ксенофобичен, исплашен, хомофобичен, бутка кон изолација, и тоа е многу тешко да се раководи, изјави Фрчковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.