Професорот Љубомир Фрчкоски во синоќешното гостување на емисија на 1ТВ констатира дека претседателскиот кандидат на СДСМ Стево Пендаровски во дуелот со претседателските кандидати Гордана Силјановска Давкова и Блерим Река бил доста слаб и блед.

Пендаровски беше блед во целата приказна беше импресиониран можеби од својата колешка. И имаше една сосема погрешна тактика да поставува наводно прашања кои требаше Силјановска да ја стават во незгодна позиција, за 10 секунди. А, она после користеше за две минути да му држи лекции и да му објаснува. И таа му го украде времето во дебатата. А, Пендаровски го изгуби своето време и имаше тотално глупава тактика, посочи Фрчкоски.

Фрчкоски дополни дека Пендаровски треба да се подготви, не може алудирајќи на политичка разумност да влезе во дебати кои се врзуваат и за определена правна структура.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.