Постои законска пречка Фрчкоски да биде амбасадор во САД, затоа што тој е лустриран како човек кој што лично потпишувал наредби за следење, прислушување и нарушување на човековите слободи и права, а во моментот кога бил лустриран, имал забрана да врши дејност да биде на функција на избран или именуван функционер, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски на „Заспиј ако можеш“ на Алфа ТВ, додавајќи дека тој предлог е на некој начин навредлив за темелните демократски вредности на САД.

Според Милошоски предлогот поранешниот министер за внатрешни работи да биде номиниран за амбасадор во Вашингтон е контроверзен од две причини.

Првата е дека Фрчкоски нема политички капацитет за да биде амбасадор во Вашингтон бидејќи самиот како политичка фигура поларизира, тој е дел од поларизацијата на македонското општество во изминативе 30 години во различни форми и не ја ужива широката поддршка во општеството за поголем на граѓани, стопанственици и актери, војници, па и политичари да го чувствуваат како свој претставник.

Втората работа сметам дека е скандалозно држава како Македонија која им стратешки договор за соработка со САД да предлага амбасадор кој што бил лустриран во 2013 година, затоа што лично потпишувал наредби за следење, прислушкување и нарушување на човековите слободи и права, истакна Милошоски.

Милошоски потенцира дека Фрчкоски сам по себе е андипод на она што се САД, каде што човековите слободи и права и верските права се на ниво пиедестал на темелна вредност на демократијата.

За Фрчкоски како министер за внатрешни ние знаеме од она што беше јавно објавено дека потпишувал наредби за следење на Миле Неделковски – писател, Бедредин Ибраими – политичар, Димитар Бошков – професор по македонски јазик и лектор, Решат Неџипи од Ресен – професор на Педагошки факултет во Битола, Владиката Петар од МПЦ, Владимир Перев – новинар, Џеладин Мурати – претседател на ПДП и пратеник, Невзат Халили – дел од ПДП. Значи Фрчкоски потпишувал наредби за следење и за нарушување на човековите слободи и права на неистомисленици од македонска, албанска и друга националност, без разлика дали биле новинари, политичари или професори, само затоа што размислувале различно од него, вели Милошоски.

Тој нагласи дека власта треба да внимава на добрите односи со Вашингтон и да не дозволи ваков скандалозен предлог кој на некој начин ќе биде дискредитирање на вредностите, ако се испрати човек кој со свои наредби следел неистомисленици и ги нарaчувал правата и слободите, а за тоа се изјасниле и Управниот и Вишиот Управен суд



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.