Се уште не е официјално познато кој добил, а кој не добил безбедносни сертификати. За Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ вообичаено е тој податок да не биде објавен, зашто се работи за чувствителна материја, кога станува збор за функционери би требало тоа да се знае, затоа што тие подлежат на јавна критика.
Доколку има таква опасност за некој од нив тогаш тие не би требало да ги водат државните институции, рече Ковачки
Ковачки додаде дека факт е дека се прави злоупотреба на процесот на издавање на безбедносните сертификати.
Тоа се виде и кога се номинираше највисок воен претставник од министерот Шекеринска и претседателот, но НАТО не го прифати и го врати човекот. И веројатно е дека тука имало некаков вид на злоупотреба. Факт е дека министерката Шекеринска призна дека е направена грешка. Но не е само една, туку неколку се. Таков случај ете и со Фрчковски беше, тоа се дипломатски дури скандали и не може така да се прави, тоа е сосема неодговорно и несериозно, истакна Ковачки.
Ковачки посочи дека името на лицето може да биде објавено дури отпосле кога ќе се завршат сите процедури. Системот за акредитација не е толку едноставен и се вади име на човек во јавноста, тој човек функционерите го понижуваат на еден начин откако ќе биде одбиен, меѓутоа со тоа ја понижуваат и нацијата, ја понижуваат и државата. А, функционерите се платени тоа да го спречат, а не да го прават.
Тоа за мене е несериозно, и неприфатливо, нагласи Ковачки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.