Во текот на денешната посета на неговата екселенција, амбасадорот на Франција во Република Македонија, Кристијан Тимоние, беше остварена средба со Сашо Донев, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид и Митре Милошевски, кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на неодамнешните избори за градоначалник на општина Охрид.
Во пријателска и конструктивна атмосфера е разговарано на повеќе теми.
Разговаравме за текот на неодамнешните избори за градоначалник на општина Охрид, на кои победи кандидатот на нашите политички опоненти. Се осврнавме на одредени појави кои се’ уште претставуваат предизвик за нашите изборни процеси и можностите за елиминирање на појави кои го компромитираат овој највисок демократски чин.
Друга значајна тема на која подолго се задржавме, се секако, настаните поврзани со можноста да добиеме статус на загрозено природно и културно светско наследство наредниве денови во Баку. Констатиравме дека препораките кои ги добивме пред повеќе од една година треба најсериозно да се сфатат и најдоследно да се импламентираат. Предочивме на нашата загриженост заради многубројните активности и состојби кои сериозно го загрозуваат како езерото и природата, така и автентичноста на Охрид и неговото културно наследство, пишува во соопштението на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид.
Од ВМРО-ДПМНЕ информираа дека на средбата е изразена благодарност до амбасадорот за заинтересираноста и желбата Охрод да добие помош во справување со во моментот најголемиот предизвик за градот.
ВМРО-ДПМНЕ од Охрид и во иднина ќе ја користи секоја можност за конструктивни средби со претставници на дипломатскиот кор и други истакнати членови на меѓународната заедница на кои ќе ги афирмираме своите заложби за развиен, просперитетен и космополитски Охрид со зачувано природно и културно наследство, стои во соопштението од ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.