Франција го потпиша протоколот за НАТО и се радува што ќе бидеме сојузници во рамките на Северноатлантската Алијанса.Што се однесува до ЕУ пристапните преговори со Северна

Македонија ќе се отворат откако земјата ќе ги исполни сите критериуми. Европската Унија пак, од своја страна, ќе треба прво да ги реализира неопходните реформи за нејзино реформирање пред да се случи ново проширување, вели во интервју за МИА француската министерка за европски прашања Натали Лоазо.

Франција отсекогаш ја поддржувала Република Македонија, а сега посакува повеќе од кога и да било да ја види зајакната и интегрирана во регион на мир и на развој. Последните две години Скопје направи извонреден напредок за регионалното помирување и благодарение на храбрите одлуки за кои знаеме дека беа болни, се надмина историскиот спор со Грција. Оваа храбра одлука, Договорот од Преспа, овозможи да се потпише протоколот за членство во НАТО и претставува огромен напредок за безбедноста на Македонија. Франција го потпиша истиот и се радува што ќе бидеме сојузници во рамките на Северноатлантската Алијанса. Што се однесува до приближувањето на Македонија кон Европската Унија: пристапните преговори ќе се отворат откако Македонија ќе ги исполни сите критериуми. Европската Унија пак, од своја страна, ќе треба прво да ги реализира неопходните реформи за нејзино реформирање пред да се случи ново проширување – нагласува министерката Лоазо.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.