Вие повеќе се занимавате со туѓите животи отколку со тоа што треба да го работите. Затоа сме први по бројот на луѓе кои го загубија животот и тоа е поради тоа што сте неспособни да се справите со ковид пандемијата година и половина, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на дебатата со Зоран Заев.

Дека се занимавате со туѓите животи, а не си ја вршите работата затоа ви умираат луѓе од ковид и ви горат живи луѓе. И тоа им е јасно на сите, му одговори Мицкоски на Заев, кој читапе Фејсбук статуси и го прозиваше Мицкоски дека не се фотографирал кога се вакцинирал.

Мицкоски укажа дека тој јавно ги повикал граѓаните да се вакцинираат и дека е за вакцинација како што пишува во еден од статусите кој Зоран Заев го цитираше за време на дебатата, а не е циркузант за да оди на вакцинација со камери.

Мицкоски укажа дека ВМРО-ДПМНЕ предупредило на политиканството од страна на надлежните и затоа сме во оваа ситуција.

И сега имаме калкулантство и предупредувавме дека ќе дојде до делта сојот, предупредуваше Комсијата за здарсвтво и затоа денес сме рекордери по изгубени животи, рече Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.