Фотографијата на која рамо до рамо во 1900 година во Прилеп се фотографирани македонските револуционери Гоце Делчев и Пере Тошев била криена од страна на четири генерации на семејството на Тошев. Сега ја чува внукот на Пере Тошев, Сашо Тодорчески.
Четири генерации во нашава куќа ја чуваат сликата како зеница во очите. Љубоморно и гордо ја негувал и криел и прадедо ми Ангеле Тодорче, кој бил бакал. Не ја испуштаа од рацете и кога душата ја даваа и дедо ми Василе, и татко ми Илија. Нивниот завет ќе го пренесам на моето потомство. Како што мене ми пренесуваа и јас раскажувам. Ми кажуваа дека Стилијан (средина) и Пере Тошев (лево) биле блиски. Стилијан потекнувал од чорбаџиската фамилија Бомболовци. Бил учител и педагог, затоа бил близок со Делчев (десно). Сликан е со нив, оти бил почитуван. Фотографијата е направена во Прилеп некаде во 1900 година, пред Илинденското востание. Делчев е уште помлад, ќе раскаже прилепчанецот Сашо Тодорчески за „Маркукуле“ во 2019 година.
И Делчев и Тошев загинаа на ист ден, 4 мај. Гоце предаден во Баница 1903, Тошев во турска заседа 1912.
Слава им!
Ретко објавена фотографија во чест на апостолите и срцето на револуционерна Македонија, Пере Тошев(лево) и Гоце Делчев(десно) фотографирани во град Прилеп, 1900 година и двајцата загинати на денешен ден 4 мај.
Слава им. pic.twitter.com/arlJiGzQ3v— Егејска – Беломорска Македонија, Aegean Macedonia (@AegeanPart) May 4, 2021
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.