Посетата на Прилеп премиерот Зоран Заев и неговиот „најдобар другар“, министерот за здравство Венко Филипче ја започнаа од градскиот стадион, каде што пристигнаа со хеликоптер. „Другарите по мотори“, но и по одземени животи во ковид-пандемијата, летаа на дрѓавна сметка додека болниците се преполни и луѓе молат за слободен кревет и боца кислород.

Но, не само тоа. На нив воопшто не им е важно здравјето на граѓаните. Возет мотори додека умираат луѓе, а овој пат се луксузираат и со хеликоптер на државна сметка, додека народот пати. Да направиме паралела, во Прилеп има 310 луѓе починати од Корона, а за ниту еден од нив не полетал хеликоптер.

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески прв ја објави информацијата на Фејсбук.

„Заев во Прилеп дојде со хеликоптер!!! А, како поинаку? Прво, патот Градско-Прилеп го прекина и е сега небезбеден, поради тоа што фирмата Рубау си замина бидејќи Заев и Сугарески му барале провизија? Второ, да ги избегне ТУТУНАРИТЕ кои го чекаа да му се ‘заблагодарат‘ за најкатастрофалниот откуп на тутун во последниве 30години. Тутунот земен за беспари. Тутунарите излажани и ограбени. 800 -1.000 тони тутун остана неоткупен. Прв пат после 30 години. Трето, вработените во општинската фирма ЈП за ПУП кои го чекаат ‘пресреќни‘, зеле вчера 5.000 денари февруарска плата, за мартовската ќе почекале! Четврто, вработените од Еурокомоозит кои ‘само што не почнале‘ со работа, излажани со неисплатени придонеси за кои се гласаше и закон во собрание! И на крај, семејствата на преку 330 починати прилепчани и 7.131 заболени кои молат за лекарска помош, пиштат од мака и непружена лекарска помош, се молат за помош по фирми не можејќи да ги платат прескапите цени од 2.300 евра за еден ден во приватните болници, за своите животи. A вакцини нема! ЗАЕВ МРШ ОД ПРИЛЕП“, напиша Ристески на Фејсбук.

Заев во Прилеп дојде со хеликоптер!!!
А,како поинаку???
1.Патот Градско- Прилеп го прекина и е сега небезбеден,поради…

Posted by Petar Risteski on Friday, 2 April 2021

Премиерот Зоран Заев и министерот за здравство, Венко Филипче, денеска со хеликоптер пристигнале во Прилеп за да извршат увид во завршените градежни работи на прилепската модуларна болница.

Заев ја потврди оваа информација одговарајќи на новинарско прашање, при што кажа дека денеска летал со хеликоптер заедно со министерот за здравство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.