Политиката вмешала прсти во избирањето на фото-студио за сликање на полуматурантите во Штип, открива Славко Ѓоргиев. Штипјанецот вели дека фото-студио се понудило бесплатно да ги фотографира учениците поради ковид состојбата, но биле одбиени и тендерот го добила друга фирма со пониска цена од 0 денари.

Фирма од Штип, заради пандемијата, за да им олесни на родителите на полуматурантите, одлучиле да ги фотографираат учениците за цена од О,оо денари. ….повторувам….цена од О,оо денари за фотографирање, 8 фотографии и големо, заедничко табло…..Денес, од некои училишта добиле известување, дека на тендерот е избрана друга фирма, која, замислете, понудила ПОНИСКА ЦЕНА……Очекуваме да видиме која е таа пониска цена од О,оо денари, или, политиката вмешала прсти….., стои во неговиот пост на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.