СДСМ не направи ништо да ги заштити граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ, од каде додаваат дека бројките во изминатата недела ја докажаа неспособноста на СДСМ во справување со корона вирусот.
СДСМ единствено се грижи за политичката кариера на Зоран Заев. СДСМ бара избори во ек на пандемија без да размислува за здравјето на граѓаните.
Неспособноста на СДСМ и Филипче се согледа „Форбс, ја објави листата на 100 најбезбедни земји во светот во однос на корона вирусот, а Македонија воопшто не е на листата. За разлика од нас повисоко на оваа листа, како побезбедни се оценети сите земји од регионот, Грција, Србија, Бугарија, Црна Гора, Хрватска, Словенија, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека за ова СДСМ ќе одговара, бидејќи со нивното доаѓање на власт донесоа само хрибриден режим, криминал и сиромаштија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.