СДСМ никако не разграничи изминативе четири години што е иновација, а што е залудно трошење пари по нивни партиски пријатели и другари. Фондот за иновации чија основна работа е поддршка на иновации, наука и слична работа, не работи во ни малку сличен капацитет и насока за тоа што е создаден. СДСМ не ја научи лекцијата и после сите оние скандалозни конкурси, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
– И замислете, во криза во каква што се наоѓаме во моментов, СДСМ и Коста Петров наместо да работат за тоа што се платени, тие бараат рецепти за пица од старите римјани што потекнувале пред 2.000 години, за да ги поддржат со грант. И за таа пица, за таа рецепта на одредена фирма од Гостивар од каде што потекнува Коста Петров доделува грант од 2.400.000 денари, само за некоја фирма од Гостивар да ја примени рецептата од старата тајна на римјаните од пред 2.000 години за правење пица. И додека над 2.400.000 денари ги доделуваат за грант за рецепта за пица како да е најголема иновација, истата таа рецепта можете да ја најдете на десетици пребарувачи на интернет. На Гугл да пишат веднаш ќе им излезе. Единствено е можно да ја пробал Коста Петров, па затоа да ја поддржал. Друго објаснување нема. Ова е најскапата рецепта за пица што е платена во Република Македонија и што воопшто историјата ја познава. И додека не научија дека рецептата за успех и помош на стопанството не е да се дели пари на блиски партиски луѓе на СДСМ, низ социјалните мрежи веќе кружи и може да се види дека грант добил и човек близок до структурите на СДСМ од Струмица, одреден Миле Милановиќ близок до семејството Заеви – појасни Арсовски.
Портпаролот истакна дека човекот кој бил низ сите партиски тела во СДСМ, кој важел за многу близок до семејството Заеви, овој пат од Фондот за иновации го поддржал со 2.900.000 денари грант преку фирмата „Грин Футур“ за некој си смарт-технолошки систем кој веќе е виден и функционира во многу земји како што може да се види во написите на социјалните мрежи.
– И повторно на СДСМ не им доаѓа памет. Иновација не е поддршка на близок човек од интерес, иновацијата има сосема друго значење. А, деца иноватори во Република Македонија има многу кои што не можат ниту да стигнат до Фондот за иновации – дециден е Арсовски.
Тој додава дека ова е само залудно трошење пари за вакви проекти со нула резултат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.